а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

специјализира

специјализираат; специјализирал
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Ранг: 18305
1. Даде, дава особени знаења од некоја област.
Англиски: specialize Албански: specializoj
Употреба: Образование
Примери:
Специјализира неколку студенти за хирургија.
2. Предназначи, предназначува за некоја одделна операција.
Англиски: specialize Албански: specializoj
Употреба: Економија
Примери:
Ја специјализирале целата индустрија.
3. (се специјализира) Добие, добива специјални знаења од некоја област, се усоврши.
Англиски: specialize Албански: specializoj
Употреба: Образование
Примери:
Се специјализира за внатрешни болести.
4. (се специјализира) Се определи, се определува за некоја одделна операција.
Англиски: specialize Албански: specializoj
Примери:
Се специјализира веќе и нашето претпријатие.